Американската бизнис комора во Македонија AmCham во текот на вчерашниот ден организираше настан посветен на етичноста во огласувањето, глобалните трендови и локалните практики.
На настанот присуствуваа претставници од членовите на комората но и некои од најистакнатите локални и регионални експерти во полето на огласувањето и легислативата која се занимава со овој сегмент на адвертајзинг индустријата.
Во првиот дел од настанот се оддржа панелот насловен како “Улогата на националните стручни здруженија во оддржувањето на етичките стандарди“ во кој учество зедоа претседателот на Македонската Асоцијација на Агенции за Маркетинг (МААМ) Сашо Пешев како и локалните експерти Ванда Кучера (Србија), Камило Антоловиќ (Хрватска) и Стеван Ранѓеловиќ (European Association of Communications Agencies in Brussels)
Во вториот дел од денот свои презентации имаа претставници на две големи компании од Македонија, Радмила Димова (Македонски телеком) и Милош Радуловиќ (Алкалоид) кои споделија повеќе детали од спецификите на полето на етичко огласување кои ги носат индустриите во кои тие работат.
Претставници од маркетинг агенции, компании, медиуми и институции дополнително ги споделија своите ставови на темата и направија голем чекор во отворањето на дебата на повеќе нивоа за предизвиците со кои се соочува нашата индустрија на полето на филтрирање на комерцијалните комуникации кои не ги исполнуваат стандардите за етичко рекламирање. Одличен настан кој дефинитивно заслужува и свое продолжение!