Одлични вести од Порторож ни стигнаа синоќа !
Како што веќе пишувавме, за прв пат во 15 годишната историја на SEMPL, семинарот на медиа трендови, кој претставува своевидно финале на регионалните маркетинг фестивали во регионов – во натпреварувачкиот дел конечно имавме и претставник од македонската маркетинг индустрија.
МекКен Скопје, агенцијата која единствена ја брани честа на македонската маркетинг сцена во натпреварувачкиот дел на овој фестивал годинава, со своите проекти за клиентите “Алкалоид Скопје“ и “Винарија Тиквеш“, успеа своето учество да го направи подвиг и да оствари 100% успех пласирајки се во самото финале со двата пријавени проекти.
Од вкупно пријавените 75 проекти, филтерот го поминаа 23 кои ја сочнуваат листата на потесни финалисти во вкупно 6 категории.
МекКен Скопје се финалисти во категориите Е (Најдобра употреба на дигиталниот свет) со нивната кампања за Тиквеш “Вински Бон-Тон“ и категоријата Ф (Најдобра кампања на социјалните медиуми) со нивната кампања за Алкалоид “Бекутан Радосница“.
Целата листа на финалисти на овогодинешното издание на SEMPL на следниов линк.
Во продолжение погледнете ги двата проекти на МекКен Скопје за Алкалоид, односно Тиквеш кои остварија успех и се пласираа во финалето:
Becutan Radosnica
Entry maker: McCANN Skopje, Macedonia
Advertiser: Alkaloid AD Skopje
Author: McCANN Skopje
Co-workers: Irina Maja, Biljana Pesevska, Ivica Jovanovik
Tikves Wine Bon Ton
Entry maker: McCann Skopje, Macedonia
Advertiser: Tikves Winery
Author: McCann Skopje
Co-workers: Biljana Pesevska, Ivica Jovanovik, Goran Dimovski