Агенцијата за односи со јавност “Параграф 42” склучи заедничко партнерство за Бугарија со глобалната комуникациска агенција Ketchum, дел од групацијата на Omnicom Group. Целта на партнерството е размена на искуства и експертиза, како и привлекување на нови клиенти кои го опслужуваат бугарскиот пазар.
Како официјален партнер, Агенцијата “Параграф 42” ќе има можност да работи со клиенти на Ketchum кои бараат комуникациски услуги во Бугарија. Соработката помеѓу двете компании до највисока степен се пројавува и во форма на гаранција за одржување на подеднакво ниво на комуникација на различните пазари. Освен можноста за проширување на базата на клиенти, друга предност во меѓународните партнерства е искуството кое една локална агенција може да го собере. “Ќе можеме да се запознаеме со добрите практики со Ketchum, ќе имаме и пристап до широк круг на информации и контакти и ќе учествуваме на годишните средби на меѓународната агенција“, изјави д-р Александар Христов, управител на “Параграф 42”.
Ова е првиот голем чекор во ширењето на “Параграф 42”, основана во мај оваа година, која е дел од независната маркетинг агенција The Smarts и е водена од основачите Гергана Иванова и Радослав Бимбалов, заедно со долгогодишниот специјалист во областа на односите со јавноста и универзитетски предавач д-р Александар Христов. Фокус во работата на аганцијата е мерењето на ефикасноста и резултатите од кампањите и обезбедувањето на долгорочни комуникациски решенија.
Христов коментира дека од бугарската агенција први пристапиле со предлог за заедничко партнерство до Ketchum. “Им испративме информации за профилот на агенцијата, фокусот на услугите и искуството на тимот. За Ketchum ова партнерство е можност за проширување на нивниот бизнис и на локално ниво,” додава тој.
Во моментот, “Параграф 42” е единствениот партнер на Ketchum во Бугарија, но меѓународната компанија го задржува правото да работи и со други компании, во случај агенцијата да не може да опслужи даден клиент поради конфликт на интереси. “Ова партнерство во сферата на комуникациите преку примена на добри меѓународни практики и експертиза е уште една можност за одржување на високо професионално ниво на бугарскиот пазар”, заклучи Христов.