За хрватската ПР индустрија, 2016 година беше многу успешна година. Повеќето од големите агенции забележаа раст на приходите и добивката, а најголем бум направи агенцијата 404, објави tportal.hr.
За само три години откако е основана, агенцијата 404 се проби на самиот врв на најголеми 10 агенции. Минатата година приходите речиси и` се дуплираа, од 15 на 27 милиони куни, додека добивката скокна за 53,3%, на 4,2 милиони куни. На чело со ПР и дигиталната агенција 404, се наоѓаат Никола Врдољак и Мартина Пинтариќ.
Милениум промоција долго време според приходите беше водечка ПР агенција во Хрватска. По пробивот на 404, падна на второ место. Освен ПР, во Милениум добар дел од приходите доаѓаат од маркетинг и закуп на огласен простор. Минатата година, агенцијата чијшто сопственици се Божо Скоко, Марио Петровиќ и Марија Шимиќ, имала приход од 22,4 милиони куни (+6,8 %) со 1,2 милиони куни добивка (+17,5 %). Освен во Хрватска, Милениум работи и во Босна и Херцеговина и Србија.
На трето место со 15,5 милиони куни приходи се наоѓа агенцијата Алерт. Слично како Милениум, оваа агенција покрај ПР, се занумава и со маркетинг и огласување и е присутна во Словенија, Србија и Босна и Херцеговина. Агенцијата е основана во 2004 година, а нејзиниот основач и сопственик, Лана Бедековиќ Росандиќ претходно работела во странски ПР и маркетинг компании.
Четвртата позиција помеѓу најголемите 10 ПР агенции ја има Комуникациска лабораторија, која ја води Мануела Шола, со 10,7 милиони куни приход и 478.200 куни добивка. Во ПР професијата, Шола е од 2004 година, а се` до минатата година нејзината агенција го носеше називот Абракадабра.
Медиа Вал, која е на петтото место е основана во 2003 година. Агенцијата ја водат пет партнери, а во последните три години, нивните приходи имаат стабилен раст. Претходната година изнесувале 8,4 милиони куни (+4,2%), со 435.000 куни добивка.
Целиот текст прочитајте го на следниов ЛИНК.