Адвертајзингот е адвертајзинг и со голем буџет и БЕЗ буџет. Тој што знае да направи добра кампања со многу пари – знае да направи добра кампања и со многу малку пари.
Многупати досега потврденото, на виделина уште еднаш.
Во Обединетото Кралство (UK) неодамна .. се појави шокантна кампања насочена кон прибирање на средства во фонд за истражување на ретки смртоносни болести како што е Duchenne muscular dystrophy.
Кампањата е дело на агенцијата Ais London а е резултат на акцијата за собирање на средства на Алекс Смит, чиј 6-годишен син Харисон боледува од 100% смртоносната болест Duchenne мускулна дистрофија.
Немајќи никаков поголем буџет за оваа кампања, агенцијата предложила концепт на шокантно претставување на најјакиот и најефикасниот маркетинг атрибут – ВИСТИНАТА.
Овaа принт реклама подолу ја објавиле во само два весници. Таа предизвикала невидено внимание низ целата земја поради насловот и краткиот текст – па Алекс добил и повик во централните вести на ITV.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=Pci5BA3QX6c