Агенцијата Wieden+Kennedy направи кампања за Hondа која преку четири потполно различни жанрови на филм претставува четири различни модели на Hondа
Агенцијата Wieden + Kennedy ја претстави својата најнова кампања за Hondа, која подеднакво ја претставува и умешноста потребна за правeње на хит филмови, како и спонзорството на Hondа на филмовите кои се прокажуваат на британските канали Channel 4, More4, Film4 и E4.
Dream Makers спотот, кој трае минута и пол, комбинира четири различни кратки филмови во четири различни жанрови со четири различни модели на Honda. Драматичните сцени не се готови производи, туку претставуваат CGI скелети, анимирани скици, белешки за продукција и печатено сценарио, осносно се` она што е вклучено во продукцијата на едeн филм.
Така, спотот на гледачите им ја прикажува количината на умешност во креативниот процес на продуцирање на врвни филмови, при што тој процес се претставува како аналогија на „страст и немилосрдно тежнеење кон совршенство на големите филмови и возилата на Hondа“.