Според истражувањето на компанијата Forrester Data, се очекува дека глобалната употреба на мобилни уреди ќе достигне повеќе од 5,5 милијарди корисници до 2022 година.
Како резултат на зголеменото користење на мобилни уреди во азиско-пацифичкиот регион и Африка, се очекува дека употребата на мобилните уреди да достигне процент од 70% до 2022 година, што е речиси двојно повеќе од вкупниот број на корисници во 2008 година.
Континуираното намалување на цената на смартфоните од страна на кинеските брендови, ќе биде еден од факторите кој ќе доведе до раст на на претпатниците на смартфони од 3,8 милијарди до 2022 додина. Најголемиот раст во бројот на претплатници доаѓа од APAC регионот, каде што Индија е и понатаму најбрзо растечки пазар.
Satish Meena, аналитичар во Forrester Research, изјави: „Развиените земји бележат ограничен раст на бројот на нови претплатници. Главен извор на продажба во овие пазари е всушност од замената на уредите. Заради недостатокот од лансирање на уреди со значително подобри карактеристики во последните неколку години, стапката на замена на уредите се намалува, што доведува до тоа луѓето да користат ист мобилен уред подолго време од порано. Најголем дел од продажбата доаѓа од APAC регионот и африканскиот пазар.“
Оваа зголемена употреба на паметните телефони, посебно оние со големи екрани, доведува до намалена продажба на таблетите, а се предвидува дека вкупната база на таблети ќе биде намалена за 1,1% од 2017 до 2022 година, што би значело пад од 615 милиони уреди во 2016 година, на 579 милиони во 2022 година, според Forrester.
Кога се во прашање оперативните системи на мобилните уреди, околу 94% од пазарот на смартфони завземаат Android и iOS, а се очекува дека ситуацијата ќе остане непроменета во наредните години, во недостаток на конкретни потези од Microsoft. Истражувањето исто така покажа дека со зголемување на бројот на кинеските уреди, Android екосистемот ќе продолжи да се расте. До крајот на 2017 година, се очекува дека Android да опфаќа 73% од пазарот, додека Apple завзема 21%, а Windows 4%.