UM неодамна беше избрана за победничка агенција која ќе раководи со активностите за медиа планирање и медиа купување за Spotify, објави AdWeek.
Медискиот буџет на Spotify изнесува околу 40-50 милиони долари годишно низ целиот свет, од кои 16,6 милиони долари се трошат само во САД, според Kantar Media.
Во финалниот избор, UM беше поуспешна од останатите два финалисти Vizeum на Dentsu и Zenith. Ревизијата на овој акаунт беше започната кон крајот на 2016-та и заврши пред околу две недели.
За креативните активности покрај својот интерен ин-хаус тим, Spotify соработува и со агенцијата Wieden + Kennedy.