Universal Media Скопје (UM) е водечка full service медиумска агенција, специјализирана за планирање и закуп на огласувачки простор на сите медиумски платформи за некои од најголемите локални и меѓународни компании. UM Скопје е дел од I&F McCann групата, која вработува повеќе од 600 талентирани професионалци и работи во дванаесет земји во јужна и северна Европа.
Во моментов, во Universal Media Скопје (UM) се отворени две нови работни позиции: Media Account Manager и Media Planner
Media Account Manager
Вештини и знаења кои треба да ги поседува нашиот идеален кандидат се:
- Минимум три години работно искуство во медиa планирање
- Познавање на софтверите Arianna и MEDIApuls
- Напредно ниво на користење на Microsoft пакетот, особено Excel
- Способност за аналитичко размислување и расудување, и способност за вршење на повеќе задачи истовремено
- Познавање на медиумскиот пазар и можностите за рекламирање
- Познавање на потребите и маркетиншките цели на клиентите
- Универзитетска диплома
- Одлично познавање на англиски јазик, најмалку B2 ниво на знаење
- Напредни презентациски и преговарачки вештини
Описот на работното место вклучува:
- Реализација на медиумските стратегии на клиентите
- Подготовка на извештаи за постигнатите резултати според дефинирани параметри
- Превземање корективни мерки во случај на отстапувања од планираните резултати
- Супервизија и помош на медиа планерите при сложени прашања и при подготовка на плановите и следењето на кампањите
- Градење на добри партнерски односи со клиентите и медиумите
- Водење на тим и супервизија на работењето на членовите на тимот
- Презентации на клиентите и учество на тендери
Media Planner
Вештини и знаења кои треба да ги поседува нашиот идеален кандидат се:
- Минимум две години работно искуство во медиа планирање
- Познавање на софтверите Arianna и MEDIApuls
- Напредно ниво на користење на Microsoft пакетот, особено Excel
- Способност за аналитичко размислување и расудување, и способност за вршење на повеќе задачи истовремено
- Познавање на медиумскиот пазар и можностите за рекламирање
- Познавање на потребите и маркетиншките цели на клиентите
- Универзитетска диплома
- Одлично познавање на англиски јазик, најмалку B2 ниво на знаење
Описот на работното место вклучува:
- Изработка на медиа планови и следење на кампањи
- Подготовка на извештаи за постигнатите резултатите според дефинирани параметри
- Превземање корективни мерки во случај на отстапувања од планираните резултати
- Градење на добри партнерски односи со клиентите и медиумите
На кандидатите им обезбедуваме можност за развивање на капацитетите и усовршување во динамично опкружување. Го наградуваме личниот придонес, мотивираноста и иницијативноста. Обезбедуваме квалитетни услови за професионален развој.
Ве молиме испратете ја вашата биографија најдоцна до 31.08.2017 година, на hr@ifmccann.com.
Забелешка: Сите апликации ќе бидат разгледувани во целосна тајност, а само кандидатите кои се во потесен избор ќе бидат контактирани.