28.11.2013
Вечерва околу 22:00 часот, официјално ќе бидат прогласени овогодинешните победници на 15-тиот по ред SEMPL, семинарот на медиа трендови, кој претставува своевидно финале на регионалните маркетинг фестивали во регионов.
Како што веќе пишувавме, од Македонија единствени претставници кои успеаа да влезат во финалето се McCann Скопје со нивните проекти за “Алкалоид“ и “Тиквеш“. Тие се финалисти во категориите “Најдобра кампања на социјалните медиуми“ и “Најдобра употреба на дигиталниот свет“.
Другите проекти кои се пласираа во финалето и кои се надеваат на некоја од престижните SEMPL награди се следниве:
Категорија A – STRATEGIC USE OF THE MEDIA MIX
AXE Appollo
Entry maker: PHD, Slovenia
Advertiser: Unilever
HTC One Launch
Entry maker: Proximity Zagreb, Croatia
Advertiser: HTC
Cracking prices
Entry maker: Direct Media Komunikacije, Formitas BBDO, Slovenia
Advertiser: Spar Slovenija
Share a Coke
Entry maker: Universal Media, Serbia
Advertiser: The Coca Cola Company
Категорија B – INNOVATIVE USE OF THE COMMUNICATION CHANNEL
Bliskomat
Entry maker:Sonce.net, ZenithOptimedia, Si.mobil, Slovenia
Advertiser: Si.mobil
Itak Cut – toilets advertising
Entry maker: Telekom Slovenije, Pristop, Slovenia
Advertiser: Telekom Slovenije
Категорија C – BEST TARGETED CAMPAIGN
Siol pokal
Entry maker: Telekom Slovenije, Pristop, Slovenia
Advertiser: Telekom Slovenije
Dove AdMakeover
Entry maker: PHD, Slovenia
Advertiser: Unilever
HTC One launch
Entry maker: Proximity Zagreb, Croatia
Advertiser: HTC
Inspect your roof
Entry maker: Pristop, Pristop Media, Slovenia
Advertiser: Bramac Slovenija
Be In Vogue
Entry maker: OMD Media, Croatia
Advertiser: Vogue/ Luxottica SEE
Orto podpira longboarde
Entry maker: Sonce.net, ZenithOptimedia, Si.mobil, Slovenia
Advertiser: Si.mobil
Категорија D – BEST EXPERIENTIAL CAMPAIGN
Itak Ven
Entry maker: Renderspace, Slovenia
Advertiser: Telekom Slovenije
Ljubno in Ljubljana
Entry maker: Saatchi & Saatchi, MMS Marketinške komunikacije, Slovenia
Advertiser: BTC
Legend saved the legend
Entry maker: Futura DDB, Slovenia
Advertiser: Belinka
Helios Spektra – painting school walls for a Guinness world record
Entry maker: Publicis, MMS Marketinške komunikacije, Slovenia
Advertiser: Helios
Категорија E – BEST USE OF THE DIGITAL WORLD
Tikves Wine Bon Ton
Entry maker: McCann Skopje, Macedonia
Advertiser: Tikves Winery
Novi neomejeni Orto paketi
Entry maker: Sonce.net, ZenithOptimedia, Si.mobil, Slovenia
Advertiser: Si.mobil
Itak Ven
Entry maker: Renderspace, Slovenia
Advertiser: Telekom Slovenije
Категорија F – BEST SOCIAL MEDIA CAMPAIGN
Cockta Chinotto around the world
Entry maker: Renderspace, Slovenia
Advertiser: Atlantic Grupa
Becutan Radosnica
Entry maker: McCANN Skopje, Macedonia
Advertiser: Alkaloid AD Skopje
Dove AdMakeover
Entry maker: PHD , Slovenia
Advertiser: Unilever
Itak Ven
Entry maker: Renderspace, Slovenia
Advertiser: Telekom Slovenije
Освен вечерашното прогласување на победниците, денеска и утре во склоп на фестивалот, во Порторож има и целодневна програма која вклучува повеќе интересни панели и презентации на кои ќе бидат афирмирани најразлични теми и начнати важни предизвици за огласувачката индустрија во регионов и воопшто.
Од нив како поинтересни ги издвојуваме презентацијата на Kivilcim Kayabali од Partner Salesbrain (Турција), која ќе зборува за Невромаркетинг и како да ја најдете G-точката на потрошувачите, презентацијата на Сашо Пешев од Македонија (директорот на New Moment) кој ќе ја презентира кампањата “10 meteres apart“ која оваа година собра еден куп награди по фестивалите низ Европа, како и панелот чиј домаќин ќе биде нашиот колега Marjan Novak, уредникот на Marketing Magazin од Словенија за развојот на медиумите во регионов, на кој покрај него ќе учествуваат и Павел Станчев (CEO, Antenna Group SEE) , Томаж Дрозг (CEO and owner, Adria Media, Slovenia), Томислав Врусс (CEO, Jutarnji list, EPH, Croatia) и Јанја Божиќ Маролт (CEO, Mediana, Slovenia).