Оваа моќна кампања им овозможува на хуманитарците да ја раскажат својата приказна и ја подига свеста за загрозеноста на цивилите во вооружените конфликти
Новата моќна кампања на Обединетите нации ја користи новата алатка на Фејсбук, Camera Effects Studio, со цел на цивилите и хуманитарците во воените зони да им се овозможи да ги раскажат своите приказни директно на јавноста.
Кампањата „Not a Target“, која ја изработи агенцијата VML, користи Facebook Live и алатката Camera Effects (која на корисниците им овозможува додавање на филтери и други детали за проширена реалност) како интерактивен телепромптер, им овозможува на лицата како што се лекари и хуманитарци да ги снимаат и да ги споделат своите приказни, кои често се вознемирувачки и шокантни, од самото место и директно во камера.
Целната публика на овај пристап базиран на технологија, се милениумците кои Обединетите Нации сакаат да ги едуцираат и поттикнат да бараат промени. Кампањата започна саботата (19 август), на Светскиот ден на хуманитарноста, а некои клипови се прикажуваат и на дигиталните екрани на Times Square во Њујорк. Кампањата исто така содржи и ТВ и онлајн спот, а содржи исечоци од зборови кои ги кажуваат разни цивили во воените зони, со придружна моќна црно-бела репортажа.
Кампањата ги упатува гледачите на веб страницата, WorldHumanitarianDay.org, каде што посетителите можат да потпишат петиција до Обединетите нации и побараат од светските лидери да ги заштитат цивилите во вооружените конфликти.