Утринава во Копаоник, Србија, започна најголемата конференција на блогерите од регионов – Blogomanija`13, која наредниве два дена ќе понуди размена на регионалните искуства при креирањето на успешни кампањи и бизнис приказни, во фокусот ставајќи теми како дигитален маркетинг, ПР, content и социјални мрежи.
Бројните предавачи на настанот исто така ќе опфатат теми поврзани со дизајнирањето на мобилни апликации, Crowdfunding, метрики, развој на комерцијални блогови итн. Целата програма на коференцијата можете да ја видите на следниов линк.
За сите Вас кои сакате во живо да го проследите овој настан, а не стигнавте да го посетите во Копаоник, обезбеден е стриминг кој можете да го гледате и тука на Маркетинг365: