На четврточното свечено доделување на SEMPL наградите, каде веќе претходно пишувавме дека беше постигнат голем успех од македонската McCann Скопје со “Golden Sempler” за кампањата со Алкалоид – “Бекутан Радосница“ , беше доделена и своевидната гранд-при награда “Grand Sempler“ на целиот SEMPL фестивал која ја освои белградската екипа на Universal Media со својот медиски проект за кампањата “Сподели радост“ на клиентот Кока-Кола.
Меѓународното жири составено од искусни учесници на медиа-маркетинг индустријата во регионов, кампањата “Shаre With..“ со која на илјадници шишиња Кока-Кола беа отпечатени најчесто употребуваните имиња во Србија, пријателите и фамилијата – ја оцени како кампања со најдобра комбинација на медиуми (media-mix) за изминатава година и ја претстави како одлично локализирање на ефикасната глобална идеја собирајќи најмногу поени од сите пријавени проекти.