Ова не е прв пат Google да влегува во светот на зголемена реалност (AR -augmented reality). Компанијата и порано работела на телефонот Project Tango од Lenovо
Како одговор на платформата за проширена реалност од Facebook и Apple, Google претстави сопствена опрема за развој на софтвер (SDK) која се нарекува ARCore и им донесува опции за проширена реалност на корисниците на Андроид уредите.
Ова не е прв пат Google да се впушта во светот на зголемена реалност. Во 2014 година Google соработуваше со компанијата Lenovo на паметниот телефон Project Tango, кој овозможуваше исклучително прецизна зголемена реалност, благодарение на можноста светот да се „набљудува“ во три димензии.
Платформата на Google, ARCore работи со Java / OpenGL платформите и се фокусира на следење на движењата, разбирање на околината и проценка на светлината. Google исто така направи и Tilt Brush, виртуелна четка која овозможува создавање на одлична 3D содржина за употреба во AR апликациите.
Во блог пост, Dave Burke, потпретседател на одделот за развој на Андроид во Google, изјави: „Во изминатите три години со проектот Tango развиваме темелна технологија која ја покренува проширената реалност на мобилен, а ARCore се темели на таа работа. Без никаков дополнителен хардвер, што значи дека може да се користи во целиот екосистем на Андроид.“
„ARCore ќе работи на милиони уреди, почнувајќи со Pixel и Samsung S8, т.е уредите со систем 7.0 Nugat и над нив. Целиме на 100 милиони уреди. Работиме со производители како што се Samsung, Huawei, LG, ASUS и други, со цел тоа да го овозможиме со доследен квалитет и високи перфоманси.“