Фабијан Росер е Managing и Извршен креативен директор на DDB во Германија со преку 15 години интернационално искуство во дигиталниот маркетинг. Пред да се придружи на DDB, реботел за Jung von Matt, Razorfish, Scholz&Friends и OgilvyOne во Дубаи. Фабијан досега имал повеќе можности да води интердисциплинарни тимови за работа на широк спектар на проекти, од дигитални платформи, до интегрирани кампањи, комуникација на социјални медиуми, мобилни апликации, дигитални алатки и сервиси, како и CRM и eCRM програми. Неговата работа за клиенти како Audi, Mercedes, Volkswagen, Deutsche Telekom, IKEA, BCG, DHL, IBM и The Coca-Cola Company била наградувана од сите големи фестивали како Cannes Lions, D&AD, London International, Clio, OneShow, ADC и TheWebby. Фабијан е член на Клубот на арт директори на Германија, како и на британската D&AD. Фабијан е исто така и еден од главните говорници на претстојниот Golden Drum фестивал, каде што ќе зборува на тема: “Зошто жените ја крадат иднината на нашата индустрија!”
M365: Вие сте еден од главните говорници на претстоечкиот Golden Drum фестивал, каде што ќе зборувате на тема насловена “Зошто жените ја крадат иднината на нашата индустрија!” За што ќе се работи? Дали жените се навистина голема закана за ‘нашата’ индустрија? :)
Да одговрам веднаш: Да, тие се закана – бидејќи немаме доволно од нив, особено не на лидерските позиции. За време на мојот говор ќе зборувам за некои искуства кои сум ги имал во минатото, кои ме натерале да расмислувам: Ние пропуштаме огромен креативен потенцијал во нашата индустрија, бидејќи на многу нивоа ние се’ уште сме водени од машкост. Секој бара талент, но поради некоја причина ние губиме половина од него на нашиот пат кон врвот. Зошто е тоа така и што можеме да направиме во однос на тоа?
M365: Како гледате на огромното влијание на технологијата врз нашата индустрија? Што според Вас ќе се случува на ова поле за неколку години од сега?
Во DDB ние гледаме на технологијата како алатка за испорачување на одлични идеи до нашите клиенти. Експоненцијалното зголемување на техничките можности е голема шанса за да се испорачаат овие идеи на нови начини, формати и канали. Во исто време е и голем предизвик за да се совлада. Лично мислам дека технологијата само што почна да ги менува нашите животи, начинот на кој комуницираме, водиме бизнис, купуваме, играме, работиме и се’ останато. Но, без разлика колку далеку ќе не одведе, технологијата секогаш ќе биде алатка, овозможувач на идеите да се претворат во живот. Секогаш било и ќе биде: Технологијата е бескорисна, ако се нема идеја како да се искористи.
M365: Influencer Marketing-от веќе тропа на вратата последните неколку години. Како сето ова влијае врз брендовите, и дали се менува улогата на агенцијата во ова ново опкружување каде real-time маркетингот станува поважен од било кога?
Како индустрија нашата цел секогаш била да комуницираме и да ги убедиме луѓето во нешто. Најпрвата DDB принт реклама за нашиот клиент Volkswagen “Мисли мало” е еден пример, таа влијаеше врз начинот како луѓето гледаат на една германска кола во тоа време. Така што на некој начин отсекогаш сме користеле “инфлуенсер маркетинг”. Со порастот на нови канали само добивме дополнителни алатки и методи за тоа да го правиме. Брендовите и агенциите треба да ги совладаат и да ги додадат на својот ‘арсенал’, за да можат да ги користат ако и кога ќе им притребаат. Ова, се разбира, значи постојан напор и вложување. Работите стануваат покомплексни и не толку еднонасочни како што некогаш биле.
M365:Како гледате на развојот на германската адвертајзинг индустрија во последните пет годин? Кажете ни неколку брзи факти и трендови?
Германија има многу силни независни агенции како дополнение на големите глобални играчи кои се присутни на скоро секој пазар. Тие прават разлика во локалната адвертајзинг сцена, во питчовите, борбата за таленти и генерално ја збогатуваат конкуренцијата. Во нашиот пазар, како и во многу други, дигитализацијата е предизвик и за агенциите и за брендовите. И последно, но многу важно: Бизнисот станува потежок! Се’ повеќе “нетрадиционални” играчи во комуникацискиот пазар и се’ повеќе можности за избор во постојано менливи канали, во кампања или брифинг.
M365: Која е вашата омилена кампања од минатата година и зошто?
Бев вчудоневиден и многу љубоморен кога првпат го видов “Field trip to Mars” проектот на McCann New York за Lockheed Martin! Според мене, ова беше прв пат виртуелната реалност да биде искористена на навистина релевантен и импресивен начин на ова ниво, без да се изолира публика со некаков тип на наочари.
“The next Rembrandt” на JWT Amsterdam за ING беше исто така добра. Многу ми се допадна како приказната беше склопена, раскажана и исполнета, и многу уникатен начин како да се користат податоци! “McWhopper” беше кул, “Survival Billboard” рокаше, “The Swedish number” беше едноставно брилијантна… всушност имаше неколку идеи кои го предизвикаа мојот личен “посакував да го направам тоа”-фактор.
M365: Луѓето велат дека сите идеи се веќе искористени. Како креативците треба да “бараат” нови идеи и инспирации? Која е вашиот совет до креативните директори од Македонија?
Најголемиот извор на испирација не е Cannes Lions архивата (извинете момци), тоа не е интернетот и не е некој вид на годишник.
Бидејќи се’ што има во нив е веќе направено!
Најголемиот извор за инспирација е надвор – во реалниот живот! Многу гласната караница со вашата девојка/дечко, политичката книга која ви ја предлага таткото на вашиот пријател, телвизиската сапуница која ја гледа вашата мајка, чудната уметничка изложба која го има интересниот постер од другата страна на улицата, смешното лице кое го прави вашата тетка кога ќе помириса сино сирење,… важно е да се има колку што е можно повеќе инпут и влијание од надвор од индустријата, за да можеме да ги земеме со нас и да ги поставиме да бидат првата искра за нашата следна кампања.
M365: Колку се важни креативните фестивали за развојот на индустријата и кои се вашите главни очекувања од Golden Drum?
Во јуни оваа година, Тим Линдси, CEO на D&AD, напиша една статија за Adweek насловена: “Јас водам шоу за адвертајзинг награди. Тие не се перфектни, но се витални во борбата на креативноста против медиокритетот”. Го цитирам ова бидејќи сметам дека неможе да биде кажано на подобар начин! Креативните фестивали си имаат свои недостатоци, но тие го поставуваат бенчмаркот, тоа покажуваат што се’ е возможно, тие додаваат едно дополнително ниво за брилијантни идеи и храби клиенти. Последно, не не помалку значајно, тие ве инспирираат да одите погоре и пошироко и да се вратите дома помудри отколку што сте биле кога сте отишле. Ова е и моето очекување од Golden Drum.