Добро конструирана и правилно пренесена презентација може да смени мислење и да предизвика делување.
Сепак, клучната точка во секоја презентација не добива доволно внимаие – повикот за акција (call-to-action).
Вашиот call-to-action, даден кон крајот од говорот, ја објаснува која е улогата на публика откако ќе си замине и ги специфицира задачите кои ќе ги дадат плодовите на вашите идеи. Тоа е тоа што го прави вашиот говор убедлив.
Мора да сте сигурни дека вашиот повик за акција ќе допре до луѓето кои ве слушаат. За жал, нема формула која би функционирала во сите ситуации – вие мора постојано да го прилагодувате вашиот call-to-action.
Луѓето одговараат различно на повиците за акција врз основа на нивниот темперамент, дневни активности и цели, затоа најпрвин треба да се запознаете со вашата публика пред да одлучите како да ги презентирате повиците за акција
Четири различни видови на карактери во вашата публика може да помогнат со повикот за акција: ‘делувачи’, ‘добавувачи’, ‘инфлуенсери’ и ‘иноватори’. За да ја натерате вашата публика да делува, вашите повици за акција треба да одговараат на нивните вештини. Публиката има микс на вештини, затоа е потребно да се обидете да допрете до сите нив во вашите презентации.
- Натерајте ги ‘делувачите‘ да направат нешто. Овие вредни луѓе слушаат што треба да се направи и тоа го прават. ‘Делувачите’ не бегаат од физички задачи. Тие исто така ги инспирираат и другите да превземат акција. ‘Делувачите’ се движечката сила позади секоја организација. Бидете сигурни дека вашиот call-to-action точно кажува што тие треба да направат..
- Мотивирајте ги ‘добавувачите‘ да споделуваат. ‘Добавувачите’ на располагање имаат ресурси како пари, работен персонал или материјали. Тие им помагаат на луѓето да се движат напред. Тие може да се директори кои може да понудат работен персонал, или пак можеби се потенцијални инвеститори. За да им се допаднете на ‘добавувачите’, користете зборови како ‘стекне’, ‘финансира’, ‘поддржи’ или ‘снабди’. Апелирајте до нивната способност да понудат допирлив придонес кон промената.
- Промовирајте влијание во ваше име. Инфлуенсерите може да го променат мислењето на индовидуите или групите, тие ги мобилизираат останатите и може да ги променат перцепцијата и однесувањето на луѓето. Некои се лидери, некои се славни или јавни фигури. Во повикот за акција кон оваа група, обидете се да ја истакнете нивната сопособност за влијание врз луѓето преку употребата на зборови како ‘поттикнете’, ‘конвертирајте’ и ‘промовирајте’.
- Поканете ги иновациите. Иноваторите смислуваат стратегии, појаснуваат перспективи, измислуваат производи и генерираат нешто ново. Тие се често основачите на компаниите или создавачите на некој производ. Тие може да бидат инжинери, уметници или претприемачи кои ги избегнуваат секојдневните задачи на сметка на концептуална работа. Допрете до нивните креативни способности користејќи зборови како ‘измисли’, ‘откри’, ‘пионер’ или ‘зачне’. Поттикнете ги да создадат нешто ново.
Пред се’, осмислете ги вашите повици за акција да звучат неодоливо.
За да се осигурате дека вашите повици за акција ќе бидат ефективни, никогаш не завршувајте со нив. Никој не сака да биде оседлан со листа што треба да направи.
Наместо тоа, објаснете им што ќе им се случува откако ќе ја извршат повикот за акција. Кажувањето на call-to-action ќе ја предизвика љубопитноста на публиката, задоволете ја таа љубопитност така што ќе им кажете што ќе се случи откако акцијата ќе биде извршена. Тоа ќе ги мотивира да делуваат.