Агенцијата за односи со јавност Чептер 4 Македонија, денес, слави шест години постоење во Република Македонија. Компанијата „расте“ заедно со своите клиенти. Овој раст, спред извршниот директор м-р Тодор Стојчевски, се базира на квалитет во услугите кои се нудат и на пазарните услови во кои работи оваа Агенција.
„Како Агенција, посветени сме на нашите клиенти да ги постигнат своите цели на работење и да создаваме врски помеѓу клиентите и нивните целни групи. Важно е тие да се задоволни, но уште поважно е таргет јавностите да ги добијат релевантните информации со кои менаџираме. За среќа, сме успешни во тоа што го работиме и секоја година, бележиме природен раст на бизнисот. Освен клиентите, секако како тим и како компанија, сериозно внимание посветуваме и на професијата. Максимално ги почитуваме стандардите што ги диктира професијата, се обидуваме европските стандарди што ги учиме од нашите колеги од европските земји, да ги прилагодиме на потребите на нашите клиенти“, вели Стојчевски.
Во овие шест години, Агенцијата работела со многу клиенти од Македонија, но и од светот. Иaко е Агенција за односи со јавност, сепак нуди и услуги од областа на маркетингот и адвертајзингот.
„На последниот менаџмент состанок, кој го одржавме во Сараево, Босна и Херцеговина, одлучивме да работиме како комуникациска агенција. Тоа го опфаќа и сегментот на односи со јавноста, но и сите други начини на менаџирање на информациите и нивен пласман до дефинираните јавности. Исто така, интернет и социјалните медиуми, дефинитивно, го преземаат приматот на класичните медиуми. Тоа го диктира пазарот, каде се потешко опстануваат одамна познатите печатени медиуми (Македонија е докажан пример за ваквата констатација), односно сé повеќе се отвораат интернет медиуми. Но, дефинитивно, во вакви пазарни услови, функционираат и работат и многу електронските медиуми – телевизии и радија“, објаснува м-р Стојчевски.