03.12.2013
Со почеток од 18:00 часот (live streaming на Маркетинг365)„ денеска во Белград, ќе биде организиран панел на кој истовремено ќе бидат претставени резултатите од “McCann Truth Central Beograd“ истражувањето за профилот и навиките на современите мајки, каде ќе бидат презентирани и анализирани заклучоците кои ќе се обидат да дадат одговор на прашањата како современите мајки ги ускладуваат бројните обврски, како размислуваат, како воспитуваат деца, што за нив претставува технологијата, кому најмногу веруваат итн.. .
На панел дискусијата ќе учествуваат мајките Ана Софреновиќ (глумица) , Сузана Трнинил (авторка и водителка), Љубинка Зарубица (бизнисменка), Тијана Вранеш (психолог психотерапевт), Маја Лалиќ (архитект) и Катерина Прибичевиќ од домаќините McCann Beograd, како и еден татко, Андрија Гериќ (трофеен одбојкар и бивши репрезентативец).
“McCann Truth Central Beograd” е експертски центар во рамки на креативната агенција МекКен Белград, задолжен за откривање и идентификување на сеуште неоткриените факти за појавите во нашето опкружување. Формиран е за да помогне во спознавањето на локално релевантната состојба (вистина) која ќе помогне во разбирањето на светот на потрошувачите во регионален и глобален контекст
McCann Truth Central Белград е дел од глобалната „McCann Truth Central“ мрежа која поседува 168 центри во над 100 земји ширум светот.
Навратете на Маркетинг365 во 18:00 часот и проследете го овој одличен настан !