Дали некогаш сте почувствувале „глад за музика“? Доколку да, веројатно ќе ви се допадне штосот кој за Oreo колачињата го осмисли агенцијата Dimension Plus од Хонг Конг. Имено, агенцијата направи минијатурен грамофон, на кој може да се пушта музика со помош на– колачиња.
Сакајќи да ги промовира познатите Oreo колачиња на кинеските тинејџери, агенцијата ги зеде самите колачиња и од нив го отстрани познатиот релјеф, заменувајќи го со жлебови налик оние на грамофонските плочи.
Агенцијата потоа ги повика кинеските уметници да создадат свои изведби на Oreo химната во својот уникатен стил, кои ги “ставиле“ на колачињата и сето тоа го спакувале во симпатична мала кутија која доаѓа со вистински минијатурен грамофон.
Од агенцијата објаснија што направиле во свој блог пост: „Го позајмивме концептот и маханиката на запис на винил плочите. Податоците се врежани на колачињата со помош на калап кој е направен со ласерска техника на издлабување и гравирање. Ја напишавме програмата за трансформација на музиката во образец, а потоа направивме формат прикладен за ласерско гравирање и произведовме калапи за произведување на Oreo Vinyl.“
Секако, колачињата и понатаму можат да се јадат, така што можете да ги изедете откако ќе ги преслушате.