Програмата на HURA ќе влијае на професионализација во индустријата со зголемување на бројот на стручњаци за регулација и саморегулација и на судските вештаци за пазарно комуницирање. Пријавите се отворени до 3 ноември, а можат да се пријават членовите на HURA, но и сите заинтересирани
(РЕГИОН) – Со цел зголемување на компетенцијата за (само)регулација на национално ниво, а со тоа и унапредување на хрватскиот пазар на индустријата на пазарни комуникации, HURA започна нова програма за едукација која почнува на 6 ноември. Во склоп на програмата, ќе се едуцираат стручњаците за саморегулација и регулација во индустријата, а најдобрите меѓу нив, во текот на идната година ќе бидат сертифицирани како судски вештаци за пазарна комуникација во соработка со Хрватското здружение на судски вештаци и проценители (HDSVIP).
Оваа програма е единствена во Европа, а со својата инвестиција во неа, HURA сака директно да влијае за зголемување на бројот на стручњаци со помош на кои ќе може да се оцени усогласеноста на огласните пораки со етичките и законодавните норми. Тоа во крајна линија ќе ја зајакне способноста на агенциите и другите стручњаци за спроведување на саморегулацијата и воопшто, ќе осигура дополнитекен кредибилитет на агенциите на HURA на пазарот.
“Со оглед на силното влијание на огласувањето и пазарните комуникации во целина, забрзаниот раст на пазарот, дигиталното комуникациско опкружување и се` поголемиот број на пораки на кои потрошувачите се секојдневно изложени, се јавува се` поголема потреба за управување со пазарните комуникации системски, промислено и во склад со етичките, општествените и еколошки предизвици. Токму тоа е задачата на оваа програма на HURA. Потребно е да се подигне способноста на креаторите на пораки и активности, за критички да ги обмислуваат и применуваат инструментите на поодговорно огласување за да ја зајакнат нивната улога, но и да се подигне перцепцијата во најшироката заедница” изјави Камило Антоловиќ, судски вештак за пазарно комуницирање и иницијатор на проектот во HURA.
Со зголемување на бројот на сертифицирани судски вештаци за пазарно комуницирање, пазарот ќе биде побогат за знаење со помош на кое ќе може да се оценува усогласеноста на огласните пораки со етичките и законодавни норми. На тој начин ќе се зајакне и степенот на способност за спроведување на саморегулација на пазарот и воопшто, стручњаците и агенциите ќе осигураат дополнителен кредибилитет на пазарот.
Учесниците на програмата се членови на Хрватското здружение за пазарно комуницирање (HURA) за кои присуството на оваа програма е бесплатно. Програмата е отворена и за заинтересираните надвор од HURA, но со надоместок. Повеќе информации за програмата, термините, цените и пријавите, се достапни на документот на следниот линк, а сите заинтерсирани се повикани да го контактираат организаторот преку на меилот hura@hura.hr. Бројот на места е ограничен, а рокот запријавување е до 3 ноември 2017 година.