По 5 години развој на проектот Фактор.мк, својата понуда компанијата ја шири со нов веб производ. Од денес, на медиумскиот пазар, понежниот пол ќе може да го чита „ Женски магазин “.
Медиумската групација на компанијата Фактор Портал ДОО покрај порталот Фактор.мк и ТВ емисијата “Фактор Магазин“ од денска е збогатена со уште еден нов член – http://zenskimagazin.mk , нов веб медиум наменет првенствено за женската публика.
Тенденица на компанијата е со Женски Магазин да се отворат темите од посебен интерес за женската популација, за кои од компанијата сметаат дека во нашиот медиумски простор се помалку запоставени.
“Ова ќе биде ќоше за сите кои се чувствуваат убави и умни. Ова ќе биде место на кое и вие ќе споделувате искуства и ќе барате одговори. Ние ќе се обидеме да стасаме до нив, без ограничувања.“ – вели уредничката на Женски Портал, Вики Чадиковска и надополнува: “Ќе споделуваме искуства, ќе се радуваме или ќе преболуваме заедно. Ќе бидеме семејство, пријатели, ќе гледаме и коментираме серии, филмови, мода, хороскоп, па и спорт, ќе готвиме и ќе слабееме заедно…“
Познатите стилисти, креатори, make up артисти, лекари, педагози, психолози кои ќе соработуваат со редакцијата на Женски Магазин ќе се обидат директно да кажат што тие мислат за некоја специфична тема, за определен проблем или најсоодветно да одговорат на некое прашање.
Знаејќи ја серозноста, посветеноста и професионализмот при развојот на порталот Фактор.мк, немаме никаков сомнеж дека и Женски Магазин ќе го следи патот на професионален пристап и искрен однос кон читателите и многу брзо ќе прерасне во незаменливо четиво за секоја дама од Македонија.