Септември е месец за подигнување на свеста за ракот кај децата. Во рамките на одбележувањето на овај месец, агенцијата RPA за фондацијата Pediatric Brain Tumor Foundation го осмисли проектот Imaginary Friend Society, во кој создаде 20 симпатични анимирани филмови кои на детски прилагоден начин ги истражува различните теми поврзанисо ракот.
„Нашата цел е да им помогнеме на повеќе од 4 600 деца на кои им се дијагностицира тумур на мозокот или на централниот нервен систем секоја година“, вели Robin Boettcher, претседател и CEO на Pediatric Brain Tumor Foundation. „Тоа значи 13 нови случаи дневно. Овие филмови ни помагаат да ги подготвиме, едуцираме и охрабриме семејствата на овај пат, објаснувајќи им ги тешките аспекти на лечење од ракот и да побудиме самоувереност и храброст кај децата.“
Сите филмови можат да се погледнат на страницата Imaginary Friend Society. Спотовите се одлично анимирани со помош на цела низа на про-боно партнери, а ги карактеризираат љубезни, прифатливи ликови кои се занимаваат со темите кои веројатно се невозможни, особено за родителите.
Да почнеме со полесните. Што е рак? Оваа приказна се одвива на пиратски брод, а главниот протагонист е папагалот Капетан Beakbeard … неговата десна рака е Квинси, мало човече кое седи на неговото рамо. (Веќе помалку се плашиме од ракот.)
Нема никаква љубезност во видеата. Beakbeard ја објаснува улогата на клетките во телото, кои се илустрирани како весели мали пирати. Тој зборува за тоа што се случува кога клетките стануваат канцерогени (бунт). Исто така, зборува и за третманите.
OK, детето сега разбира што е ракот и можеби помалку се плаши од она што доаѓа. А што е страшните работи, како што е хемотерапијата и губењето на косата? Imaginary Friend Society не бега од тешките теми; ги удира право во нивните грди лица, како што е мускулестиот суперхерој кој ја олицетворува хемотерапијата.
Секако, децата често се чувствуваат тажно во целиот процес. Тоа ќе се случува без оглед колку информативни цртани филмови гледаат. Како и сите добри пријатели, нивните имагинарни пријатели ќе се справат и со тоа.
Секое видео е произведено од различен партнер на проектот од целиот свет, кои добиле сценарио од агенцијата RPA и добиле можност да оживеат уникатни имагинарни пријатели во сопствен стил во овај проект вреден за пофалба. Другите теми вклучуваат трансфузија на крв, MRI,сознанието дека имате рак и враќање на училиште.
Концептот Imaginary Friend Society произлезе од тоа дека децата кои боледуваат од рак се бомбандирани од збунувачки информации и цела низа на инвазивни процеси – од кои некои, како хемотерапијата, прават да се чувствуваат уште поболни. Децата кои се борат со ракот, често имаат имагинарни пријатели кои им служат како еден од механизмите како да се справат со лечењето.