Целта на кампањата е да ги охрабри жените на самопрегледи, за да ја откријат болеста на време
Жени од Нов Зеланд кои имаат преживеано рак на дојка се овековечени во кампањата на новозеландската Фондација за борба против ракот на дојка (Breast Cancer Foundation NZ), и тоа во вид на фотографија во ренесансен стил, во рамките на обележувањето на Месецот за борба против ракот на дојка.
Агенцијата Colenso BBDO дизајнира одлична кампања наречена „The Survivor’s Collection“, во која се претставени три храбри жени кои се избориле со ракот на дојка, Шона, Кели и Анет, и најсовремената медицина која им помогнала да ја надминат оваа болест.
Порталот LLB Online пишува дека моделите ги фотографирал Steven Boniface, а ќе бидат прикажани на изложбата во Уметничката галерија Auckland.
Она на што двете страни во кампањата се надеваат е дека оваа кампања ќе охрабри повеќе жени да вршат самопрегледи, со цел рано откривање на оваа малигна болест.