Компанијата која што се занимава со продажба на женски жилети остана збунета откако Фејсбук ја забрани нивната реклама поради кршење на правилата на сајтот поради “сексуално сугестивни или провокативни” слики.
Промотивното видео го воведува концептот на “shoga” или јога за бричење, во кое се прикажани сите различни движења што жените треба да ги направат заради отстранување на влакната.
Бриар Кин, една од основачите на компанијата, вели: “Нашата реклама ги прикажува секојдневните реални ситуации при женското бричење на забавен начин. Ние намерно користевме „реална жена“, а не модел, во типична бања за да се постигне тоа. Сакавме да се оттргнеме од традиционалните и застарени женски реклами за бричење кои се надгласувани, сексуализирани и нереални“.
Од Фејсбук велат дека “рекламите не смеат да содржат содржини за возрасни”, додавајќи дека причината за тоа е “затоа што дел од публиката во нашата глобална заедница може да биде чувствителна на овој тип на содржина“.