Шестиот по ред Самит100 за бизнис лидери од Југоисточна Европа ќе се одржи во Скопје на 16 и 17 октомври. Самитот, на денешната прес-конференција, ќе го најават Живко Мукаетов претседател на УО на Самит 100 и Јелена Радуловиќ, програмски директор на Самит 100.
По успешната траекторија преку Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина, оваа година Самит 100 се одржува во Скопје во реномираниот Скопје Мериот Хотел.
Самит 100 е уникатна бизнис иницијатива, која на едно место собира околу 150 еминентни бизнис лидери од целиот ЈИЕ регион чија примарна цел е да се изнајдат конкретни идеи, проекти и предлози за подобрување на поврзаноста во регионот од сите економски и општествени аспекти.
За време на минатите настани Самит 100 процени дека во ЈИЕ регионот се потребни инвестиции и подобрувања во повеќе области, како инфраструктура, транспорт, енергетика, дигитализација, брендирање на регионот, подобрување на мобилноста на работната сила, слободно движење на стоки и услуги.