Најголемата технолошка конференција во светот, Web Summit (https://websummit.com) и годинава во Лисабон, Португалија во периодот од 6 до 9 ноември ќе претставува центар на целиот IT свет и место каде технолошките лидери ќе ги дефинираат новите правила на IT бизнисот и ќе ги предодредат трендовите што не очекуваат во иднина.
На самитот се очекува да присуствуваат над 50,000 посетители од над 160 различни земји од светот. Целата овогодишна програма може да се погледне на следниов ЛИНК. На настанот како говорници ќе се појават некои од најмаркантните лидери во IT светот и предводници на компании како Microsoft, Slack, Reddit, Intel, google, BuzzFeed, CNN, Deloite, Google и др. а ќе присуствуаат и многу актуелни и поранешни политичари, како и познати звезди од сите сфери на животот и бизнисот.
На свеченото отворање ќе присуствува и премиерот на Португалија, Г-дин Антонио Коста.
Карти за настанот може да се купат на следниов линк.