Eurobest , еден од најмасовните огласувачки фестивали на стариот континент (порано познат како Европски Адвертајзинг Фестивал), започна вечерва во Лисабон. Ќе трае до Петок кога официјално ќе бидат прогласени победниците во дваесетина категории.
Ова е веќе 6-то издание на фестивалот кој претходниве три години се вдоми во Лисабон а претходно се има оддржувано уште и во Хамбург, Амстердам и Стокхлом.
Вкупно на фестивалот, оваа година се пријавени 4715 проекти од 32 држави кои ќе се натпреваруваат да освојат некоја од наградите во категориите: brand content and entertainment, craft-film, craft-print&poster, design, direct, film, integrated, interactive, media, outdoor, mobile, PR, print, promo&activation и radio а ќе бидат доделени и специјални награди за “Агенција на годината“, “Мрежа на Годината“, “Независна агенција на годината“, “Златна Палма“, “Интерактивна агенција на годината“ и “Огласувач на Годината“.
Најмногу пријавени проекти годинава има од Германија (875), Франција (692) и Велика Британија (632). Пријавените проекти ќе бидат оценувани од 10 жирија составени од 95 стручњаци од креативната индустрија од цела Европа.
Од македонската маркетинг сцена, со свои проекти, на фестивалот се присутни New Moment и McCann.
New Moment Skopje конкурираат со кампњите “10 meters apart“ во категориите Radio и Integrated и “Skopje Jazz Festival“ во категоријата Design.
McCann Skopje се пријавени во категоријата Media (Best use of outdoor) со кампањата Mountain resort Kopaonik, која ја работеа со нивните колеги од McCann Белград.
——НАДОПОЛНЕТО—–
Објавени првите финалисти на Еуробест (ЛИНК)