Nivea стана најновиот бренд на производи за лична нега кој е под ударот на критики заради расизмот и тоа откако објавија реклама во која црна жена рекламира прозвод за осветлување на кожата. Така Nivea се најде во средиштето на критиките неколку седмици откако Dove беше критикуван заради „претворањето на црните жени во бели“.
Контроверзната реклама наменета за африканските жени го промовира Niveа Natural Fairness кремот кој на луѓето со темна кожа се продава како едноставен начин за да се постигне „видливо посветла кожа.“
Нараторот кој ја следи рекламата неведува дека крема ке ја „обнови“ кожата и ќе и` даде природна светлина.
https://twitter.com/WilliamAdoasi/status/920592549391339525
Портпаролот на компанијата Beiersdorf AG која е сопственик на овај германски бренд, даде штуро извинување, инсистирајќи на тоа дека Nivea е посветена на „разновидните потреби за нега на кожата.“
Од таму изјавија: „Нашата намера никогаш не е да ги навредиме нашите потрошувачи. Сметаме дека секој потрошувач има право да ги бира производите во склад на неговите лични преференци и се водиме од тоа да им обезбедиме квалитетни производи за нега на кожата.“