06.12.2013
Тино Кера е назначен за нов креативен директор на маркетинг агенцијата BBDO Загреб и ќе се приклучи на досегашниот креативен директор Алмир Окановиќ со кого ќе бидат задолжени за водење на петнаесетчлениот креативен тим.
Пред доаѓањето во BBDO, Кера работеше четири години како копирајтер во агенцијата Греј од каде што премина во агенцијата Студио маркетинг JWT каде 10 години беше креативен директор.
Во BBDO ќе има можност да работи за клиенти како Подравка, Дукат, Загребачка Пивара, Американ Експрес, Адидас итн..
BBDO Загреб е дел од најголемиот комуникациски холдинг во светот и на хрватскиот пазар е присутна од 1990 година.