На европската карта за прослава на 50 годишното постоење на Mercedes-AMG се најде и нашиот главен град, каде на посебно подготвен полигон беа претставени најновите модели на оваа премиум спортска автомобилска марка.
Екипата за логистика на Mercedes-AMG за неверојатни 24 часа од пристигнувањето во Македонија, успеа да подигне мини зграда со неколку дополнителни објекти и справи за изведување на вежбите на полигонот.
Гостите на настанот, имаа можност директно да се запознаат со најнапредните системи на Mercedes-Benz, односно преку теоретски и практични вежби да дознаат повеќе за безбедното и ефикасно возење, како и врвните уреди кои овозможуваат полусамостојно управување на возилото.
Исто така, на настанот беа прикажани и новите електро-хибридни модели на Mercedes-Benz, како и моќните AMG модели, со неколку стотици коњски сили, а за сето тоа се погрижија врвни инструктори за возење од фабриката во Штудгарт.
Моделите на Mercedes-AMG се задвижувани од мотори кои се рачно склопувани, возилата чинат неколку стотици илјади евра, а нивните сопственици се различни успешни луѓе од светот, бизнисмени, шеици и кралеви, музичари, глумци и други јавни личности, но сите ги поврзува една заедничка работа – страст кон спортските перформанси на автомобилите.
Приказната за AMG почнува пред 50-тина години, во гаражата на еден инженер кој работи во фабриката во Mercedes. Тој заедно со неговиот колега имаат задача да го подготват моделот 300 SЕ за учество на германското првенство во автомобилски трки.
Тркачкиот модел бил толку успешен што дури 10 пати го освојувал првото место, а овие двајца инженери вљубеници во автомобилите почнаа да го живеат својот сон.
Неколку години подоцна во 1967 година формираат сопствена фирма под името AMG, која ги носи првите букви на нивните презимиња, Afrecht и Melcher.
Денес малата компанија AMG која почна од една гаража, прерасна во глобален бренд, со најголема продажба меѓу премиум спортските автомобили и е во сопственост на Daimler AG и ги произведува најуспешните автомобилски мотори во светот, кои неколку години по ред е на врвот на трките во Формула 1.