“10 метри одвоено“ и “Пијано“, кампањите на Њу Момент Скопје, се добитници на злато односно сребро во соодветните категории на овогодинешното издание на Eurobest фестивалот, еден од најпрестижните европски креативни фестивали кој деновиве се оддржа во Лисабон, Португалија !
Уште една потврда за македонскиот креативен квалитет и хит проектот “10 метри одвоено“ кој годинава ги собра највисоките награди на речиси сите креативни фестивали каде учествуваше, е новата златна статуетка во категоријата Integrated.
„10 метри одвоени“ е дел од пошироката кампања спроведена од Генералниот секретријат на Владата на Република Македонија за соживот и за религиска толеранција.
Кампањата “PIANO”‘ за Скопскиот Џез Фестивал ја приграби бронзената статуетка во категоријата Design (постер) како уште една потврда плус за проектот кој од многумина беше опишан како “совршен дизајн“ награден претходно и на Golden Drum во Порторож.
Честитки за Њу Момент, одлично ја финишираа оваа “сезона“, им посакуваме уште многу успеси во иднина !