Германскиот ланец на продавници за алати и опрема за уредување на домот Hornbach, во најновата реклама се занимава со феминистички теми
Германскиот ланец на производи за уредување на домот Hornbach, познат е по своите духовити и често епски претстави на луѓето кои се занимаваат со проекти за реновирање. Но, во оваа најнова реклама која ја изработи агенцијата Heimat Berlin, завзема нешто посериозен став и понатаму задржувајќи ги епските елементи.
Овај пат, реноваторот е жена, што ќе признаете ретко се гледа во рекламите за уредување на домот. Тоа што таа го руши не е само ѕидот, таа ги разбива стереотипите и мизогинистичките клишеа претставени преку масивните скулптури: маж со актовка кој стои на лицето на џиновска жена која спие, танчерка на шипка кон која се подаваат раце да ја зграпчат, жена која носи огромна мисирка на грбот како карпа, жена со многу раце во кои држи чевли, ташни, кредитна картичка… и конечно масивна, грда, розова принцеза. Прашливата и испотена жена ги руши сите со својот голем чекан, а рекламата завршува со пораката „Никогаш не рековме дека е лесно“.
Спотот е режиран од бразискиот двоец Jones + Tino, а ова е нивниот прв проект за германскиот пазар. Рекламата се прикажува во осум земји – Германија, Австрија, Швајцарија, Холандија, Луксембург, Шведска, Чешка и Словачка – на телевизиите и во кината, како и онлајн и на социјалните мрежи.
Според соопштението од агенцијата, статуите се произведени на три различни земји, а потоа се уништени на локацијата на финалното снимање. Тие ги претставуваат темите како што се машката доминација, претставување на жените како сексуален објект, „материјални девојки“, улогата на домаќинка и клишето на розови принцези.
„Hornbach ги третира жените како полноправни DIY ентузијасти, а за нас тоа е исклучително битно, сирово и вистинско“, изјави Гуидо Хефелс, креативен директор во компанијата Heimat “.