Lego и R/GA покажаа како и самиот звук на Лего коцките ја разгорува фантазијата
Кога бевте деца и ќе добиевте подарок, дали го протресувате? Се обидувавте ли од звукот да погодите што има внатре? Токму тоа чувство на неизвесност во кое се разгорува фантазијата го илустрира Lego во новата кампања ‘Shake Up Imagination‘.
Lego Systems, во новиот спот во „unboxing“ стил кој го изработи агенцијата R/GA, покажува како и самиот звук на Лего коцките ја разгорува фатазијата, дури и без да се прикаже самиот производ. Децата добија неозначени, спакувани подароци и од нив е побарано да погодат што има внатре. Почнуваат да ги протресуваат подароците и да го препознаваат познатиот звук на Лего коцките, а потоа возбудено почнуваат да замислуваат што ќе градат со нив.
Од двојни диносауруси, до летечки бродови, брендот ја прикажува магијата на своите производи користејќи го само звукот. „Оди од Њујорк до Бахамите“ возбудено вели едно дете фантазирајќи што сака да направи.