Социјалната мрежа Фејсбук информираше дека нејзините приходи за третиот квартал од 2017 година пораснале за 47% и изнесуваат 10,3 милијарди американски долари.
Чистата добивка на компанијата достигнала 4,7 милијарди долари во изминатиот квартал, што е за 79% повеќе од претходната година.
Според извештајот на компанијата, 88% од вкупните приходи од огласувањето доаѓаат од корисниците на мобилни уреди. Огласувачите веќе подолго време ги пренасочуваат парите од телевизиско во огласување на веб и мобилните платформи, а Фејсбук е една од компаниите која од тоа има најголема полза.
Според податоците од бизнис извештајот, Фејсбук на крајот на второто тромесечје имал 2,07 милијарди активни месечни корисници ширум светот, што е 16% повеќе од минатата година. Притоа, две третини од нив ја користеле оваа социјална мрежа секој ден.