Со автентична “animal“ гала забава, маркетинг и ПР агенцијата “HONEYBIZ“ синоќа (Сабота 19.01.2013) го прослави својот прв роденден со дел од соработниците и пријателите на компанијата.
Љупка Наумовска, директорката на “HONEYBIZ” на прашањето “Што е тоа што ја одбележа првата година од формирањето на компанијата“ , само за читателите на Маркетинг365 изјави:
“Овие 12 месеци добивме многу клиенти, вредности и моменти за памтење. Но исто така и изгубивме многу. И токму ова второто не научи дека ништо во животот не е вредно за да биде пресериозно. Затоа и одлучивме роденденот да го посветиме на несериозна тема: животински маскембал со цел да се насмееме за нијанса посилно и поискрено, баш од онака од срце“
Во продолжение неколку фотографии, за да ја доловите атмосферата
Marketing365 Ви го честита првиот роденден, Ви посакуваме уште многу многу години и многу клиенти !