Играјќи на картата на транспарентност, бразилскиот моден бренд Basico понуди три цени, со и без маржа
Бразилскиот моден бренд Basico ја претстави својата Black Friday Transparente акција (Транспарентен Црн Петок), во рамките на која на потрошувачите им дава три ценовни опции за ист артикал.
Имено, брендот на својата онјалн продажна страница наведе три различни цени за дел од своите производи. Нависоката цена е „оригинална“цена, која ја вклучува профитната маржа на компанијата. Средната цена ги покрива трошоците за работење и маркетинг, но без профитната маржа. Најниската цена единствено го покрива основното производство и основните оперативни трошоци. Купувачите можат да изберат која цена ќе ја платат, додека компанијата сугерира дека производите, дури и по најниската цена „ќе се исплатат на долг рок“.
Синџирот на снабдување во модната индустрија го бие лош глас токму поради недостатокот на транспарентност и честите случаи на експлоатација на трудот. Така, купувачите во продавниците на Зара неодамна открија пораки од неплатени работници вметнати во облеката што ја купиле. Како резултат на тоа, ова не е прва иницијатива за транспарентност: кампањата на компанијата Basico ги следи сличните акции на брендовите како што се Honest By, Everlane и Oliver Cabell.
Дали Basico со својата транспарентност ќе ги убеди купувачите сами да се одлучат за повисоката цена? Веројатно не, но тоа не е важно. Купувачите ценат кога тие имаат контрола и, што е уште поважно, во доба на glass box брендови, потрошувачите се повеќе очекуваат јасни и искрени информации за тоа што се случува внатре во компанијата, а не само за производите на полиците.
Со големата (куповна) моќ доаѓа голема одговорност. Кои делови од вашиот бизнис – од формирањето на цените до изворите за набавка – би можеле да ги откриете на вашите клиенти? И дали притоа, би можеле појасно да прикажете каде одат нивните пари?