Оваа одлична реклама која стана вирална е дело на филмскиот режисер Макс Ланман, кој сака да и помогне на својата девојка да ја продаде својата половна Хонда
Филмскиот режисер Макс Ланман направи професионален оглас за половна Hondа Accord од 1996 година, со цел да и` помогне на својата девојка Кери да ја продаде т.н. „Greenie“, како што се нарекува возилото во реклмата. Рекламата донесува носталгичен, емоционален и духовит допир со автомобилот кој поминал многу, и веројатно рекламата допре до купувачите на eBay, така што цената на аукцијата во еден момент достигна 150 000 долари, односно 300 пати повеќе од почетната цена која била 499 долари. Но, за жал “eBay” ја затвори листата, поради “необичната понуда”.
Огласот на Ланман го прикажува автомобилот како многу полуксузен одколку што е навистина, а видеото стана вирално на социјалните мрежи, па на YouTube веќе има повеќе од 6 милиони прегледи.
„Вие сте поразлични. Вие ги правите нештата на свој начин. Тоа е она што Ве издвојува, не Ви требаат ствари, бидејќи сте среќни со она што сте. Не грижете се за пари, бидејќи имате сè што некогаш сте посакале“, вели нараторот од видеото.
Ланман бил инспириран за ваков хиперболичен спот откако тој и Кери се возеле на автопатот покрај брегот на Калифорнија, на пат за кампување. „Ми се чинеше дека ќе биде навистина смешно да снимам реклама за автомобил за некое тотално старо возило во една таква прекрасна позадина“, изјави за BBC. „Надреално е да се помисли дека нешто што го направив со своите пријатели и што пред два дена само стоеше во мојот компјутер, сега го гледаме ширум светот. Фала му на Бога за интернетот“.