Икеа си поигра во својата реклама на забавен начин, нудејќи им ја на купувачите најскапата слика на светот во рамка по пристапна цена
Икеа продолжува со своите разиграни одговори на вестите за скапоцените предмети, овај пат со забавен осврт на неодамна продаденото ремек дело на Леонардо Да Винчи, Salvatore Mundi (Спасителот на светот), кое што аукциската куќа Кристи го продаде минатата недела на аукција за неверојатни 450 милиони долари.
Забавниот фокус на пристапот е нешто што Икеа редовно го потенцира, па тоа е сличај и со нивниот одговор на скапата верзија на сината торба на Икеа, која ја направи компанијата Balenciaga.
„Во Икеа веруваме дека секој треба да има можност да го украси својот дом, а да не ја потроши целата животна заштеда на тоа,“ изјави Morten Kjaer, креативен директор во Ikea Creative Hub. „Затоа Икеа нуди рамки за слики кои одговараат на било која фотографија, принт или слика која сакатe да ја прикажете, дури и за оние од 1490-тите.“
Подолу погледнете ја рекламата на Икеа, која ја креираше интерен Creative Hub на овај шведски бренд, со помош на агенцијата за огласување Acne: