McDonald’s U.K. и Leo Burnett во Велика Британија започнаа нова божиќна кампања насловена #ReindeerReady, а она што оваа кампања ја прави поинаква од останатите е тоа што за разлика од другите, акцентот е ставен на ирвасите на Дедо Мраз, а не на самиот Дедо Мраз.
Во рекламата ги следиме таткото и ќерката кои јадат во McDonald’s, а кога тргнуваат за дома, девојчето го зема својот морков и цврсто го држи во раката, велејќи дека „Тоа е за ирвасите.“
Додека се враќаат дома, девојчето повеќе пати ја повторува својата мисија, стегајќи го морковот во раката како да држи некој скапоцен предмет.
„Нашата кампања се фокусира на очекувањата, возбудата и оние мали магични моменти кои доаѓаат со Божиќ“, изјави Емили Сомерс, потпретседател за маркетинг и развој на храна во McDonald’s Велика Британија. „Нашата ТВ реклама се насочува на подготовките на едно малечко девојче за големиот ден. Таа чува морков за ирвасите, што претставува традиција со која се поистоветува целата земја. Пошироката кампања е исто така дизајнирана да ги рефлектира оние моменти на подготовка низ кои сите поминуваме за Божиќ. Одвај чекаме луѓето да ја видат нашата кампања и се радуваме на тоа што луѓето од целата земја ќе се инспирираат да се подготват за ирвасите со #ReindeerReady.“