PayPal ги спасува оние кои за празниците купиле погрешни подароци, а во Европа тоа се промовира со кампања на агенцијата Buzzman
Празници, семејни собири, убави јадења и подароци. Тоа се работите кои го обележуваат ова време од годината. Но, не е лесно да се изберат вистинските подароци…
Во рекламата, кој можете да ја погледнете подолу, PayPal се обраќа токму до оние за кои овај волшебен момент на отворање на подароците е придружен со трагично сознание дека нивниот подарок не е доволно добар/соодветен. Во таквите ситуации, оние кои купиле несоодветен подарок ќе одат до крајни граници да го сокријат, смета PayPal, а со цел да ги спаси од оваа грижа, PayPal ќе им овозможи на купувачите кои купиле такви подароци преку овај сервис да ги вратат и да добијат поврат на парите.
Кампањата која се состои од видеа од 70, 45 и 20 секунди, се прикажува во кината, дигиталните канали и социјалните мрежи од 22 ноември во Франција. Рекламата исто така ќе се емитува и во Германија, Швајцарија и Австрија.