Парот во рекламата се всушност сопружници и во вистинскиот живот, што додава хемија која може да се почувствува
Верувате ли во љубов на прв поглед? Ова е темата во спотот „Sway“, овогодишната празнична рекламата на компанијата Apple. Во рекламата гледаме една жена која оди по снежна улица и кратко застанува за да го извади својот iPhone X и ја пушта песната „Palace“ на Сем Смит, која ја слуша на своите AirPods слушалки. Светот одеднаш се претвара во нејзина приватна сцена за танцување.
Приказната добива заплет кога се судира со еден згоден странец, кој ја фаќа сред едно од нејзините движења и додека се гледаат еден со друг во очи, таа му става една од своите слушалки во уво и тие продолжуваат да танцуваат заедно.
Парот во рекламата се всушност сопружници и во вистинскиот живот. Овие професионални танчери се запознале на аудиција за една танцова група во Њујорк, а фактот што се вистински брачни партнери додава хемија која може да се почувствува во рекламата.
https://www.youtube.com/watch?v=1lGHZ5NMHRY
app