Токму тоа го истражија агенцијата Хавас Лисабон и португалската телеком компанија NOS во оваа интересна реклама
Португалската телеком компанија NOS за овие празници објави интересна реклама која прикажува што би се случучило кога сите би го дознале телефонскиот број на Дедо Мраз?
Двеминутниот спот кој го направи агенцијата Хавас Лисабон, започнува со таткото којшто на својот син му кажува дека сака да сподели со него една тајна која тој не смее никому да ја каже. Потоа го запишува својот телефонски број и му кажува дека тоа е бројот на Дедо Мраз. Секако, детето никако не може да задржи таква голема тајна само за себе, па го споделува бројот со своите другари од училиште, а истиот секако доаѓа и до некои од родителите. За само еден ден, бројот станува вирален, па дури излегува и во вестите ширум светот.
Во текот на кампањата, до 25 декември, гледачите можат навистина да го повикаат бројот од рекламата, а ќе ги дочека посебна емотивна божиќна порака која ќе се менува на секои два дена, наведоа од агенцијата.