Viber, една од водечките глобални апликации за размена на пораки, развиена од страна на компанијата Rakuten Viber, прославува седум години постоење – задржувајќи ја посветеноста на својата примарна цел – да ги поврзува корисниците безбедно и бесплатно, без оглед на тоа кои се и од каде доаѓаат.
Корисниците на Viber ја препознаа искреноста на нивната заложба, што резултираше со значајно зголемување на нивниот број и нивните приходи, а при тоа апликацијата во ниту еден момент не ги искористи податоците на корисниците за комерцијални цели – што е успех со кој ретко која друга апликација за размена на пораки може да се пофали.
Почитувањето на приватноста и безбедноста на корисниците е клучна вредност за Viber, поради што меѓу првите апликации од овај вид, воведе енкрипција од-крај-до-крај во април 2016 година. Секоја комуникација преку Viber е автоматски заштитена, што значи дека никој, па ниту самиот Viber нема пристап до содржината на повиците и пораките кои се остваруваат преку оваа апликација. Тоа исто така, значи дека Viber не ги следи и не ги таргетира своите корисници во разговорите, при размената на информациите или коментарите на трговските марки – што е чест случај кај сличните апликации. Чувањето на податоците на корисниците секогаш ќе биде приоритет за Viber. Редовната и секојдневна употреба на апликацијата во целиот свет е најдобра потврда за тоа колку се цени овај пристап и колку се разликува од вообичаената практика на конкуренцијата.
“Во текот на изминатите седум години, Viber доживеа извонреден развој. Само во текот на оваа година, нашата база на корисници се зголеми за 20%, а нашите приходи двојно се зголемија,” изјави Џамел Агау, глобелен извршен директор на компанијата Rakuten Viber. “Во овај период, стакнавме доверба и лојалност од нашите корисници, а притоа одговоривме и на предизвиците на приходите. Ваквиот развој ни овозможи да продолжиме со постојаните иновации, а истовремено да останеме целосно посветени на приватноста и безбедноста на комуникацијата на нашите корисници. Во следната година, ќе претставиме функцијии кои ќе ја забрзаат и олеснат групната и еден-на-еден комуникација. Во иднина, нашата цел останува Viber да биде првата апликација која нашите корисници ќе ја отворат кога ќе се разбудат, и преку која ќе можат безбедно да комуницираат – без компромис по нивната безбедност и приватност“.