Сигурно веќе сте заприметиле дека од пред 2-3 недели објавите на компаниите и огласувачите на најпознатата социјална мрежа Фејсбук се поретко стигнуваат до таргет групата на фанови кон кои се насочени,односно што би се рекло на “нашки“ “ричот е баеѓи паднат” :) .Сето тоа го потврдува и „AdAge“ во своето печатено издание.
Текстов подолу е обработен и првично пренесен од Lider.mk
Маркетинг менаџерите и компаниите кои се огласуваат на Фејсбук треба сериозно да размислат за опцијата за зачестена употреба на платени реклами, бидејќи така почесто ќе се појавуваат на почетната страница на таргетираниот Фејсбук корисник. Весникот пишува дека Фејсбук потврдил дека објавите на друштвената мрежа од страна на компаниите се почесто не стигнуваат до корисниците до кои се наменети, поради промената на алгоритмите кои ги прави мрежата за да воведе нови услуги.
Иако платените реклами на Фејсбук не се ништо ново, за многу огласувачи, овие промени кои ги прави мрежата се во насока да собере повеќе пари од реклами и да ги натера компаниите и маркетинг агенциите повеќе да трошат. Но, од друга страна причината поради која постовите на компаниите се поретко стигнуваат до фановите се промените кои ги прави Фејсбук во насока на воведување на нови функционалности.
„AdAge“ пишува дека во последниот документ објавен од мрежата насловен „Генерирање бизнис резултати на Фејсбук“, компанијата им соопштува на компаниите и огласувачите дека треба повеќе да внимаваат на платената дистрибуција на реклами за да го максимизираат пристапот до своите фанови.
Имено, главната причина за придобивање на што повеќе фанови од страна на брендовите не е за да се воспостави канал за споделуавње на содржина, туку во иднина рекламирањето на Фејсбук подобро да функционира. Тоа значи дека веќе нема да има разлика колку фанови има вашата корпоративна страница, ако не плаќате за рекламирање или промовирање.
Наскоро нова опција за персонализирање на вестите
Една од причините поради која пораките на брендовите се поретко стигнуваат до фановите на Фејсбук е промените кои ги прави мрежата во насока на новите функции поврзани со вестите кои медиумите ги споделуваат.
Така, основачот Марк Цукерберг, неодамна изјави дека има намера Фејсбук да стане „најважен пероснализиран весник на светот“, каде корисниците ќе можат секојдневно да добиваат бројни информации од нивен интерес.
Така на пример, корисниците кои сакаат спорт и пратат голем број спортски страници кои на Фејсбук ги објавуваат своите информации, вести и линкови, преку оваа мрежа на едно место ќе имаат пристап до најважните информации од областа на спортот.
Меѓутоа, со оглед на големиот број пријатели на оваа мрежа, како и бројот на страници кои корисниците ги пратат, често е невоможно да се пратат сите информации кои се објавуваат на Фејсбук, бидејќи константно се појавуваат нови вести, статуси и фотографии. Исто така корисниците често немаат време да прочитаат се што ги интересира.
Затоа, Фејсбук во последно време ја тестира новата опција која треба да го реши овој проблем и која на корисниците треба да им овозможи содржината која ги интересира да ја снимаат за потоа да можат да ја прочитаат.
Текстот е преземен од Лидер.мк и првично е објавен на следниов ЛИНК.