Германската агенција KKLD работеше на овај „редуциран“ дизајн
Mini го редизајнира своето лого со минималистички „редуциран“ пристап кон својот традиционален дизајн со крилја
Новиот дизајн, кој го потпишува берлинската агенција KKLD, ќе биде користен на сите Mini модели од март 2018 година. Според соопштението на брендот во сопственост на BMW, „flat“ дизајнот се фокусира на клучните графички елементи на поранешниот логотип, а ќе се појавува на хаубата, на задната страна, во средина на воланот и на далечинскиот управувач.
Исто така, во соопштението се наведува: „Одржувањето на основниот мотив со богата традиција, кружница со крилја и името на брендот со големи букви во средината, гарантира јасна препознатливост на логото. Намерно избегнување на нијанси и сиви тонови создава моќен контрастен црно-бел ефект кој ја пренесува автентичноста и јасноста на новиот идентитет на брендот, со дво-димензионален изглед кој исто така овозможува универзална примена“.
Mini, исто така, воведе нов сопствен фонт, Mini Serif, инспириран од фонтовите на издавачката индустрија со духот на модерното. MINI Serif ја рефлектира високата ориентација на дизајнот на брендот и го нагласува високиот квалитет преку контрастот на традицијата и модерноста. Новиот MINI фонт се базира на гледачот, лесно се чита и го обезбедува потребниот простор за содржината, се наведува во описот на новиот фонт.