Пријавите за престижното маркетинг натпреварување Global Effie Awards 2018 се отворени, а сите заинтересирани можат да ги пријават своите кампањи до 2 февруари.
Можат да се пријават сите кампањи и проекти спроведени во последните три години, во најмалку три земји (multi-market track) или во најмалку четири земји, на минимум два региони (multi-region track) од петте зададени: Африка и Блискиот Исток, Азија и Пацифик, Европа, Латинска Америка и Кариби (вклучително и Максико) и Северна Америка (САД и Канада).
Повеќе информации за пријавите на www.effie.org/25/entry_details.