Ко-режисер на новиот спот, кој е своевиден римејк на виралното видео од 2015 година, е Шиа Гловер, млада инфлуенсерка која го сними и оригиналното видео
Самсунг направи нова реклама за својот смартфон Galaxy A8, во која го реконструираа виралното видео од 2015 година. Во овој неконвенционална и невообичаена реклама, Самсунг излезе на улиците и ги сними реакциите на луѓето откако ќе им се каже дека се убави.
На лицата на луѓето во тој краток момент може одеднаш да се види цел излив на емоциите, од срамежливо криење на солзите до вистинска благодарност. Целта на спотот е да се промовираат можностите на камерата на најновиот Самсунг телефон. “Снимете го вистинското јас со Galaxy A8“, вели рекламата и на крајот заклучува,“тоа ви овозможува да бидете вие“.
Ако рекламата ви се чини позната, тоа е затоа што всушност е римејк на поранешниот социјален експеримент од 2015 година, кој беше спроведен од страна на студентката, а сега инфлуенсерка Шиа Гловер. Нејзиниот спот е објавен на YouTube, каде што досега има речиси 18 милиони прегледи. Оригиналот можете да го погледнете подолу.
https://www.youtube.com/watch?v=aSxFPWixbsA
Во оваа реклама за Самсунг, Шиа ја повтори својата улога на анкетар / фотограф (со тоа што овај пат очигледно го имаше најновиот Galaxy A8). Таа исто така соработуваше и на продукција на оваа реклама, која е дел од глобалната кампања на агенцијата Cheil Worldwide.