Новата реклама на McDonald’s во Канада со која на луѓето им се сугерираше дека 5 долари е подобро да се потрошат на оброк место да се учи за диносаурусите во музеите се чини значително ја вознемири тамошната јавност со што компанијата беше принудена да се извини и да ја повлече рекламата од етерот.
“Можете да купите тура низ музеј за 5$” вели машкиот наратор во спотот. Жена која е водич во музејот се уфрла: “Имаше диносауруси и потоа ги снема“ – вели таа. “ОК, сега излезете преку гифт шопот“ .. Нараторот повторно се вклучува и вели дека слушателите можат своите 5 долари на богат оброк од сендвич, компирчиња и пијалок.
Коментарите на јавноста беа дека оваа реклама е навредувачка и несомнено имплицира дека музеите се тука за да “ги ограбат луѓето“. МекДоналдс на овие коментари реагираше многу брзо, со јавно извинување во кое потенцираат дека намерата била да бидат интересни и забавни а не да ги навредат музеите и културните работници. Покрај јавното извинување тие и приватно отишле и им се извиниле на луѓето кои биле најгласни во реакциите и се почуствувале повредени.
Во продолжение можете да го слушнете радио рзаговорот со Tracy Calogheros, извршна директорка на Exploration Place и нејзините коментари на рекламата која можете да ја слушнете после 10-тата секунда.