2017 беше одлична година за агенцијата на McCann Романија. Кога станува збор за конзистентност во креативноста, агенцијата не престана да изненадува. Од Rombot, Al амбасадор, до“Live. From a different World“, која користеше пренос во живо за да ги поврзе младите луѓе во урбаните средини со постарите лица кои традиционално живеат во хармонија со природата, преку Super Hero fruit and veg и кампањата за отворање на Taco Bell, што во суштина го провоцирала соседите, работата на агенцијата се карактеризира со пристапност и латерален пристап на размислување, кој не е ограничен само на традиционалните медиуми.
Заслугите одат до целиот тим, но за водењето и составот на тимот е задолжен Каталин Добре, главен креативен директор на McCann Романија. Неговото раководство не остана незабележано – Каталин е именуван за креативен директор на McCann за Централна и Источна Европа, улога што ќе ја извршува со постојната позиција во агенцијата.
Именуван сте на позицијата Регионален креативен директор на McCann за Централна и Источна Европа – честитки! Кои се вашите надежи и амбиции поврзани за новата улога?
Ви благодарим, возбудливи времиња! Горд сум што имам можност уште повеќе да се вклучам во регионот кој има неверојатни таленти и потенцијали.
Она што сакаме да го постигнеме е градење на креативна култура со најмоќни вредности и највисоки амбиции. Култура која ќе успее да спречи одлив на мозоци во Европа и, уште поважно, да привлече креативци од целиот свет. Култура која ќе го подигне односот со нашите клиенти на повисоко ниво и ќе генерира признати проекти. Креативност што се разликува. Креативност која патува, која луѓето од целиот свет ја знаат и и`се восхитуваат.
Луѓето се во центарот на сè. Ние градиме многу амбициозна креативна заедница во која луѓето соработуваат и континуирано ги привлекуваат најдобрите таленти од Европа и од целиот свет, така што стануваме сè посилни и посилни. Несомнено, треба да бидеме мрежа во која амбициозните луѓе доаѓаат за да ја добијат најдобрата шанса за големи креации.
Регионот на Централна и Источна Европа е креативно зајакнат, а во регионот има неверојатен дигитален талент – зошто е тоа така?
Во овој дел од светот постои уникатен вид на креативност и таа доаѓа од школата на животот. Луѓето беа принудени да бидат флексибилни, да се адаптираат и да пронаоѓаат иновативни решенија за проблемите во нивниот секојдневен живот уште од раното детство. Креативците беа принудени да размислуваат надвор од кутијата дури и кога биле многу млади и оваа школа се покажа погодна, кога подоцна се запознаа со првите брифови. Ова може да биде една од причините зошто гледаме многу нетрадиционална креативност која доаѓа од регионот. Ако ја додадеме равенката на огромната количина на дигитални таленти, тоа ги објаснува кул, иновативните / дигитални кампањи.
За нас, како мрежа, константните резултати донесоа голема доверба. Имаме добра репутација во регионот, Golden Drum втор пат по ред и четврти пат во изминатите пет години не прогласи за Мрежа на годината. Исто така, од година во година остваруваме одлични резултати на најважните меѓународни фестивали. Оваа целосна енергија создава и репутација што привлекува сè повеќе таленти.
Досега сте работеле во Романија – гледајќи го остатокот од регионот, со кои земји ви е најдраго да работите, односно кои земји прават особено креативни, возбудливи кампањи?
Горд сум што многу креативни директори од регионот можам да ги наречам пријатели. Редовно одржуваме состаноци за да споделуваме информации, да развиваме проекти и ги потиснавме креативните граници. Тука се раѓа одлична енергија.
Ние, исто така, честопати соработуваме кога се во прашање регионални или глобални брифови и проекти и тоа нè прави многу моќна креативна заедница.
Во последно време, кампањите од Прага, Белград, Милано, Тел Авив и Букурешт се препознаваат на фестивалите и сакам да им честитам на сите за трудот. Видов многу амбиции и многу интересни идеи од целиот регион, и само е прашање на време кога кампањите од уште повеќе земји ќе добијат светска слава.
Кој е најдобриот совет што го добивте кога бевте почетник?
Се сеќавам дека некој, кога бев практикант ми рече: “Слушај, те молам, кажи ми ги најглупавите работи … од таму доаѓаат нејлудите идеи … Сега си во позиција каде што никој не може да ти суди. Што можат да кажат? Дека не знаеш за што зборуваш? Како би можеле? Ти си практикант“.
Сеуште се обидувам да кажам глупави работи и да ги советувам другите исто така. Мислам дека оној кој, поради промена на титулата на визит картата, смета дека е неопходно да зборува само паметни работи, има сериозен проблем.
Еден од проектите во кој навистина уживавме минатата година беше Ромбот. Моментално има многу дебати за вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз рекламната индустрија и начинот на кој работиме. Бидејќи се впуштивте во технологијата за Ромбот, како тоа ги обликуваше Вашите ставови за вештачката интелигенција?
Мислам дека ќе ни треба многу човечка интелигенција за паметно да се користи вештачката.
Она што мислам е дека технологијата напредува на неверојатен начин и отвора цел еден свет на можности. Но, ние мора да ги најдеме најдобрите идеи за да ги искористиме. Паметните сознанија и силните креативни идеи нема да дојдат од страна на вештачката интелигенција. Но, различните форми на вештачка интелигенција ни даваат способност да се изразиме на неверојатно различни начини.
Не се грижете, роботизираниот Дон Драјпер нема да ги преземе нашите работни места. Сè уште не.
Во текот на минатата година имавте навистина конзистентна продукција на одлични кампањи кои одат чекор подалеку од традиционалното рекламирање – Veggie Heroes, Taco Bell, Rom, Vodafone. Кој е клучот за одржување на овие високи стандарди и поттикнување на тимот постојано да открива нови начини на работа?
Интересно е тоа што овие кампањи не се резултат на работата во текот на минатата година. Тие се резултат на последните 10 години. Ова се ефектите на креативниот процес и креативната култура која многу го вреднува “новото”, неконвенционалното.
Прво размислувавме за големи идеи, а подоцна за резултатите. Не пристапуваме со кратки размислувања: “Во ред, ние мораме да направиме филм” или “треба да направиме веб-страница”. Прво се фокусираме на латералните идеи.
Целосното интервју е објавено на порталот Little Black Book: https://lbbonline.com/news/5-minutes-with-catalin-dobre/