Apple ја продолжува својата кампања “Shot on iPhone” со нова реклама насловена како “Selfies on iPhone X“, во која клучна улога игра познатиот говор Мухамед Али од 1963 година, „I am the greatest“ (Јас сум најголемиот).
Додека во позадина го слушаме овој говор, во кој Али, на хумористичен начин, ја опишува својата сопствена величественност, со смеење на публиката која го слуша, гледаме селфи на различни групи луѓе во познатиот минималистички стил на Apple, со кои компанијата сака да ги покаже можностите на новата перјаница.
Духовитиот и намерно егоцентричен говор совршено се вклопува во селфи културата, но во овој случај гледачите нема да почувствуваат нарцисоидност на целата работа, бидејќи рекламата едноставно има одредена поврзувачко чувство со кое може лесно да се поистоветат.
Рекламата започна да се прикажува изминатиот викенд, а сите селфи фотографии во неа се сликани со помош на опцијата Portrait Selfies на новиот iPhone X уред, со тоа што компанијата во спотот назначува дека (секако) е користен и дополнителен софтвер на овие фотографии.